Басеску сведочеше по обвиненија за закани и уцени

Од:

Поранешниот претседател на Романија Трајан Басеску денеска сведочеше пред Врховниот суд за дело, во кое е обвинет дека се заканувал на сенаторката од владејачката Социјалдемократска партија Габриела Фирја, пишува весникот „Гандул“.

Басеску, кој беше претседател на Романија од 2004 до 2014 година, пред судот беше пречекан од околу 20 демонстранти, кои скандираа „Басеску во затвор“.

– Дадов целосни изјави, со цел да се разјаснат нештата. Раскажав се што е неопходно, изјави поранешниот претседател, додавајќи дека не се плаши од законот.

Минатата недела против поранешниот десноцентристички претседател почна судски процес по обвиненија, дека упатил закани кон сенаторката Габриела Фирја во времето, кога бил претседател.

Истрагата е во врска со жалба од април минатата година на Фирја, според која Басеску и се заканувал и уценувал, додека таа била дел од анкетна комисија, која го истражувала спорното купување на имот од страна на ќерката на Басеску, Јоана.

Басеску, кој тогаш бил на функција претседател, во ТВ емисија изјавил дека Габриела Фирја е подобро да го гледа имотот на својот сопруг, каде тој е градоначалник, бидејќи може да не го најде дома некој ден, ако не внимава.

Габриела Фирја тогаш поднесе тужба против претседателот, според која неговите зборови имале за цел да заплашат сенатор и да уништат романски државјанин. Разгледувањето на тужбата беше прекинато поради претседателскиот имунитет на Басеску.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски