Дачиќ: Односите на Србија и НАТО не се базираат на љубов или омраза, туку на заеднички интереси

Од:

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека односите меѓу Србија и НАТО не треба да се базираат на љубов или омраза, туку на заеднички интереси, како мир и стабилност во регионот, јави Танјуг.

На церемонија во Белград, во чест на жртвите во бомбардирањето на НАТО врз Југославија во 1999 година, Дачиќ истакна дека Србија не сака да стане земја членка на Алијансата.

– Не го сменивме ставот кон НАТО. И во седиштето на НАТО изјавив дека спомените од бомбардирањето се болни и сега не треба да се трудиме да градиме односи на љубов или омраза, туку на заеднички интереси, изјави Дачиќ.

Тој истакна дека Србија сака да ги извлече сите интереси, што ги нуди неодамна потпишаниот Индивидуален план за партнерство со НАТО. Дачиќ нагласи дека во заеднички интерес е да се обезбеди мир и стабилност во регионот.

– Ако тоа не и пречи на Русија, зошто да ни пречи на нас, изјави Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ