Апелација ја укина пресудата за Дејан Ставриќ и го врати предметот на повторно судење

Од:

Апелацискиот суд Скопје ја укинал првостепената пресуда за очниот хирург Дејан Ставриќ, кој беше осуден на казна затвор од една година оти, наводно, земал поткуп од 2.000 евра за да посредува при добивање инвалидска пензија, пренесува „Фокус“.

Предметот, скопскиот Апелациски суд го вратил на повторно судење и, како што пренесува „Фокус“, новиот судски процес бил закажан за 7 aприл.

– Случајот се враќа на повторно судење на првостепениот суд. Се укажува дека Кривичнот суд сторил битни повреди на одредбата на кривичната постапка со упатство, како да ги утврди фактите и околностите за донесување правилна пресуда – било наведено во дел од решението на судот што било доставено до одбраната на Ставриќ.

Основниот суд Скопје 1, во мај минатата година, го осуди хирургот Дејан Ставриќ на една година затвор, по едно одржано рочиште на кое беа сослушани обвинетиот, сведоците, беа разгледани доказите, по што беше донесена и пресудата.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Апелација му пресуди на Ставриќ една година условна казна

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шилегов: Дали еден човечки живот вреди помалку од 2000 евра?

Ана Ололовска

Лекарот Дејан Ствариќ пуштен од притвор

Емир Латифовиќ

Една година затвор за очниот лекар Дејан Ставриќ

Емир Латифовиќ

Продолжен притворот на Дејан Ставриќ

Емир Латифовиќ

Синдикални здруженија: Да не се валка името на Дејан Ставриќ без правосилна судска одлука

Емир Латифовиќ