Врховниот суд на Индија денеска ја прогласи за неуставна законската одредба со која се предвидува затворска казна за авторите на навредливи коментари на интернет.
Највисоката судска инстанца во земјата оцени дека измената во законот за информациски технологии од 2009 година е спротивна на Уставот и не ја почитува слободата на говорот.
Врховниот суд нагласи дека донел вакво решение „без никакво колебање“, бидејќи спорната каузула не содржи јасна дефиниција кој коментар е навредлив.
Досегашната одредба предвидуваше до три години затвор за коментари на интернет, кои се сметаат за навредливи. Жалбата на оваа имена во законот ја поднесе еден студент по право.
Индиските власти уверуваат дека законот е неопходен во борба против кибер-криминалот, но нивните аргументи не беа прифатени од судот.