Сообраќајот Скопје – Велес во отежнати услови поради одрон на карпа

Од:

Одрон од карпа ги зафати двете коловозни ленти на автопатот Скопје – Велес, кај местото викано „Манастири“ во близина на селото Ветерско.

АМСМ соопшти дека од 11 часот сообраќајот се одвива преку паркинг просторот во отежнати услови.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од дожд се бележат на планинските премини Буково и Ѓавато. Магла со видливост од 30 до 40 метри има на Попова Шапка, од 50 до 60 метри на Стража, Крушево и до 100 метри на планинскиот превој Буково.

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on