Поради врева сакал да убие петел, но го погодил соседот

Од:

Во австрискиот регион Корушка во местото Зитендорф, педесет и четиригодишен маж изреволтиран поради вревата што ја кревал петелот од соседството зел воздушна пушка и сакал да го убие.

Меѓутоа тој ја промашил целта и го погодил соседот, кој бил на возраст од 80 години и кој тоа утро излегол да го фрли сметот.

Куршумот го погодил старецот во десната рака и влегол во коленото, додека младиот сосед по извршената „мисија“ се вратил во својата куќа како ништо да не се случило.

Повредениот маж повикал Брза помош и полиција, која испратила специјални единици, меѓу кои и полициски хеликоптер и неколку возила полни со полицајци.

Според наводите на медиумите полицијата го уапсила напаѓачот, повредениот бил пренесен во болница, а петелот останал на старото место.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник