Јапонски инженер е пронајден мртов во понеделникот во Турција и според полицијата очигледно е дека извршил самоубиство, бидејќи се сметал за одговорен за пукнување на кабел во текот на градењето на мостот, пренесе Макфакс.
Станува збор за 51-годишниот јапонски инженер Рјоши Киши, кој бил пронајден мртов на влезот на гробиштата во Јалова, со пресечени глуждови и грли, изјави гувернерот на округот Нуралах Каја.
Во писмото пронајдено крај него, инженерот напишал дека одлучил да си го одземе животот, бидејќи се сметал себеси за одговорен за пукнување на кабел на градилиштето висечкиот мост во Измит.
Телото на Рјоши било испратено во државната болница во Јалова каде што по извршената обдукција. Прелиминарните резултати од истрагата покажале дека си ги пресекол вените, а потоа и гркланот, но сепак полицијата отворила истрага.
Висечкиот мост во Измит во Мраморното Море во должина од три километра кој ќе чини повеќе од милијарда евра, е дел од големиот проект кој би требало да го овозможи директното поврзување со автопат на Истанбул со Измир на Средоземното Море, како и кон другите туристички дестинации на Егеот. Истовремено временски ќе го намали од 70 на само шест минути обиколката на заливот.