Една третина повеќе магистри лани отколку во 2013-та

Од:

Звање доктор на науки во 2014 година  стекнале 206 лица, што е помалку за 5.9 проценти во однос на 2013 година. Но, бројот на лица што минатата година станале магистри (2038) и специјалисти (156) е  зголемен за 31.8 отсто од претходната година, соопшти  Државниот завод за статистика.

Најголем број доктори се во областа на општествените науки, 41.8%; потоа од техничко-технолошките науки (17.5%); медицинските науки (15.5%), а останатите лица докторирале во областа на хуманистичките науки, природно-математичките и биотехничките науки.

Докторска дисертација одбраниле 106 жени, односно 51.5% од вкупниот број  лица кои докторирале во 2014 година.

Најголем број од докторираните (47.1%) својата професија ја вршат во образовната дејност.

Магистри и специјалисти лани станале вкупно 2194 лица, од кои 2038 или 92.9% се магистри и 156 или 7.1% специјалисти. Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2013 годинa, е зголемен за 31.8 проценти.

Поголем број од лицата кои во 2014 стекнале научен степен магистер на науки се жени (58.5%).

Најголем број од магистерските трудови (1400 или 68.7 отсто) минатата година биле од областа на општествените науки, 15.2% од техничко-технолошките науки, а останатите од областа на хуманистичките, природно-математичките, биотехничките и медицинските науки.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование