Ердоган ги премолча критиките од Владата и мировниот предлог на Оџалан

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во неговиот вчерашен говор во Денизли, во југозаоадна Турција, ги избегна скокотливите прашања за процесот за мирно решавање на курдскиот проблем и за критиката од владиниот портпарол. Во Денизли Ердоган го упати најопштиот поздрав до курдската заедница во земјата по повод почетокот на курдската Нова Година – Невруз, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.

„Нека Невруз биде клучен момент за мирот и солидарноста“, рече Ердоган.

Турскиот претседател изрази надеж дека ќе има мирни свечености при одбележувањето на Невруз, со љубов и бранувања, но без Молотови коктели.

Во својот говор Ердоган не го коментираше ниту повикот, што неколку часови претходно, го упати лидерот на Курдската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан, ниту критиката на негова адреса од портпаролот на Владата, Булент Аранч.

Абдула Оџалан, кој на островот Имрали издржува доживотна затворска казна, вчера ги повика бунтовниците од ПКК да свикаат конгрес за да донесат одлука за завршување на 40-годишната вооружена борба против Турција.

Турскиот вицепремиер и портпарол на Владата, Булент Аранч, кој го поздрави повикот на Оџалан, го критикуваше мешањето на Ердоган во процесот на мирно надминување на курдскиот проблем, што го води Владата, оценувајќи ја забелешката на претседателот како „емоционална и лична“.

Реакцијата на Аранч е заради изјавата на Ердоган од петокот во која тој кажува дека не го одобрува формирањето комитет што ќе го следи
текот на процесот на мирно надминување на курдскиот проблем, и покрај тоа што Владата и прокурдската Демократска партија на народите претходно се договорија за тоа.

-Неговите изјави како „Јас не го сакам тоа“ или „Јас не го одобрувам тоа и тоа“ се емоционални забелешки. Одговорноста и припаѓа на Владата и ние можеме да ги разгледаме неговите изјави како негово лично мислење, посочи вчера Аранч.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ