По повод Светскиот ден на поезијата – 21 Март, скопјани денеска ќе имаат можност во три кафулиња во градот да испијат кафе и наместо со пари да го платат со свој пишан збор.
– Ова е единствена и уникатна можност, кога наместо сметка за кафе, скопјани ќе добијат лист хартија и пенкало за да напишат поема, со која ќе си го платат пијалакот. На ваков начин ќе се создаде прекрасна синергија на уживање и креативност. Јулиус Мајнл за Денот на поезијата – 21 Март ги очекува на една од трите локации во Скопје, со подготвено ароматично кафе и празни листови хартија, кои чекаат да бидат украсени со поеми, соопшти организаторот.
Локациите се „Дион“ на Кеј, „Наргиле“ во Скопска чаршија и „Паладиум“ во Капиштец, каде што поетите Елена Пренџова, Ксенија Николова, Билјана Стојановска, Ѓоко Здравевски, Наим Иљази Пари и Даниел Карески на сите присутни ќе им помогнат да ја напишат нивната поема.