„Иницијаторите“ за смена на Димевски закажаа вонредно Собрание на МКФ на 7. април

Од:

По одржаната прес конференција на претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) Даниел Димевски, клубовите потписници на иницијативата за негова промена донесоа одлука за свикаат Собрание на 7.април во хотелот „Континентал“. Тие воедно искажаа разочараност што тој не покажал подготвеност да ја испочитува волјата на мнозинството.

Поднесувачите на иницијавтивата се повикаа на член 36 од Статутот на МКФ. Воедно запазен е и рокот дека клубовите материјалите за состанокот на највисокиот орган на МКФ треба да ги имаат најмалку 15 дена пред одржувањето.

Според дневниот ред најпрвин ќе се расправа за актуелните состојби во македонската кошарка, а потоа ќе се гласа за разрешување на Даниел Димевски од функцијата претседател на МКФ.
Поднесувачите на иницијативата за промени во МКФ веќе имаат и свое решение за наследник на Димевски и тоа во името на легедната на македонската кошарка Петар Наумоски. Прославениот кошаркарски ас веќе ја прифатил кандидатурата.

Би можело да ве интересира

Аеродромци гневни на одлуката на КФМ: Правдата ќе ја бараме на суд!

А1он

Тодоров стави 24 играчи на поширокиот список

Ана Ололовска

Антиќ: Ќе ја вратиме кошарката на местото кое го заслужува

Ана Ололовска

Антиќ едногласно избран за нов претседател на Кошаркарска федерација на Северна Македонија

Ана Ололовска

Иницијатива за останување на Наумоски на позицијата претседател на МКФ

Ана Ололовска

МКФ ги суспендира „Градски парк“ и малата сала во „СРЦ Кале“

Ана Ололовска