Обама и натаму има 2 отсто предност

Од:

Добриот настап на републиканскиот претседателските кандидат Мит Ромни на телевизиската дебата во Денвер ја намали разликата во однос на актуелниот американски претседател Барак Обама, но сепак не придонесе промена на трендот, покажува анкетата на Reuters и Ipsos.

На прашањето за кога ќе гласаат на 6-ти ноември, 47 отсто од веројатни гласачи одговориле дека ќе го дадат својот глас за демократот Барак Обама, а 45 проценти за републиканецот Мит Ромни. Тоа е истата разлика во дневната анкета на Reuters и Ispos и во петокот, кога процентот изнесуваше 46:44 отсто. Обама, инаку, пред телевизиското соочување имал шест отсто предност.

„Немаме нови добитоци за Ромни, што зборува дека републиканскиот кандидат остварил скок, меѓутоа и дека нема промени на трендот”, изјави експертката од институтот Ipsos, Џулија Кларк.

Анкетата, исто така, покажува дека избирачкото тело на Обама е стабилно, како и дека Ромни неколку проценти добил меѓу досега неодлучените избирачи. Ромни заработил, но не на штетат на Обама, коментира Кларк.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски