Нов едукативен Еко-парк на средно Водно

Од:

Од денеска посетителите на парк шумата Водно, ќе можат да уживаат во новиот едукативен Еко-парк, кој се наоѓа во близина на кабинската жичница која сообраќа до „Милениумскиот крст“.

Еко паркот е на иницијатива на „Пакомак“ – Друштво за управување со пакување и отпад од пакување, во соработка со Про-кредит Банка, Град Скопје, ЈП „Паркови и зеленило“, и на деца и наставници од 60 основни училишта од Скопје.

Се простира на површина од над 1.000 метри квадратни, а во него ќе има и едукативно-информативни табли за историјата на Скопје.

Во Еко – паркот денеска ќе бидат насадени 60 нови зимзелени дрва.

Од растителниот свет на Водно најзастапен е дивиот костен, но има и бреза, липа, даб, габер, бор, смрека, зеленика и друго.

Би можело да ве интересира

Пронајдени се изгубените туристки во реонот на Водно-Матка

Горан Наумовски

ЦУК: Исчезнатите државјани на Полска кои се изгубија на Водно се пронајдени и се на безбедно

Горан Наумовски

На Водно се изгуби полски државјанин, започната е голема потрага по него

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно