Ердоган: Обвинувањата за геноцид се напад врз Турција

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека притисокот на Ерменците врз Турција за масакрот врз нивниот народ од пред еден век да се признае за геноцид, не претставува трагање за вистината туку обид да се постигнат поени против неговата земја.

Тој наведе дека Ерменија одбила повеќе турски покани да се вклучи во истражување со кое би се утврдило што точно се случило.

Историчарите проценуваат дека околу 1,5 милиони Ерменци настрадале за време на Отоманското царство во периодот на Првата светска војна. Научниците тоа го оценуваат како прв геноцид во 20 век.

Турција одбива да го користи терминот геноцид и тврди дека бројот на настраданите е многу помал, како и оти настрадале луѓе од двете страни.

– Нивната цел не е да трагаат за вистината, туку да ја напаѓаат Турција и да и наштетат, наведе Ердоган.

Во Ерменија стогодишнината од масакрот ќе биде одбележана на 24 април.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ