Најдобриот српски тенисер Новак Ѓокович се пласираше во финалето на АТП турнирот во Пекинг, откако денеска во полуфиналето го совлада Германецот Флоријан Мајер со 6:1, 6:4.
Ѓоковиќ до 13-тата последователна победа во Пекинг, а 3-та во кариерата против Мајер, дојде по 59 минути игра. Новак убедливо го доби првиот сет, а мали проблеми имаше во продолжението на мечот кога Мајер го подигна нивото на игра.
Противник на Ѓоковиќ во финалето ќе му биде Французинот Жо Вилфред Цонга.
Тоа ќе биде 13-ти меѓусебен дуел, а моментално Новак води со 7:5 во средбите. Оваа година се сретнаа три пати и сите мечеви ги доби Ѓоковиќ.