Третата рунда преговори на дипломатските претставници на Куба и САД денеска заврши во Хавана, а деталите од состанокот не се познати.
Кубанското Министерство за надворешни работи само соопшти дека разговорите поминале „во професионална атмосфера“.
Американскиот Стејкт департмент се уште не се има огласено за состанокот, кој е воден во необично таен манир, за разлика од претходните две рунди.
Разговорите имаат за цел воспоставување на дипломатски односи повторно отворање на амбасади. Разговорите ги водеа највисоката американска дипломатска претставничка за Јужна Америка, Роберта Џејкобсон и Хосефин Видал, највисокиот кубански дипломат за американски прашања.
Пред третата рунда преговори, Стејт департмент соопшти дека „во интерес на двете држави е повторно да се воспостават дипломатски односи и да се отворат амбасади“.
Првата рунда преговори се одржа во Хавана, а втората во Вашингтон.