Просветните работници во Србија денеска излегоа на протестен марш.
Српскиот министер Срѓан Вербиќ излезе пред незадоволните штрајкувачи во паркот Мањеж и во еден момент тој беше испрскан со вода и туркан од штрајкувачите.
Веднаш по инцидентот и среде големата гужва, Вербиќ влезе во министерството и ги повика претставниците на синдикатот на разговор.
Српските просветни работници од денеска почнаа нов штрајк барајќи повисоки плати.