Трајановски: Идејата за палми во паркот „Жена борец“ е предлог на проектантот

Од:

Град Скопје има во план да направи целосна реконструкција на паркот „Жена борец“ иако површината е во уредна состојба. Освен што ќе биде заменето осветлувањето и патеките, Градот планира да засади и палми.

Градоначалникот, Коце Трајановски, вели дека е тоа предлот на проектантот кој го обмислисл новото уредување на зелената површина.

– Знате во каква состојба е, долги години не е реконструиран. Имаме намера да го реконструираме така што ќе биде опфатена целосна реконструкција на осветлувањето, на парковото зеленило, на постојните патеки, на урбаната опрема, така да паркот ќе биде во една нова светлина. Тоа е само проект, предлог на проектантот кој ние понатаму ќе го дискутираме – изјави денеска градоначалникот.

На прашањето зошто баш палми во овој парк, Трајановски рече дека е тоа само предлот проект, но не одоговори дали палмите дефинитивно ќе бидат поставени. Паркот воопшто не е запоставен и е во витална состојба поради што се поставува прашањето зошто Градот одлучил да инвестира во негова целосна реконструкција.

Претходно „Жена-борец“ беше во надлежност на Општина Центар, но Град Скопје го презеде под свое управување на крајот од декември минатата година. При тоа градското собрание донесе одлука овој парк да се категоризира како површина од исклучително значење за Градот и за граѓаните. Промената беше извршена без согласност од градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош