„Премостување на мигот“- нова поезија од Тодор Чаловски

Од:

Во спомен-собата на Миладиновци во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје денеска беше промовирана книгата „Премостување на мигот“ од Тодор Чаловски.

За новата книга на Чаловски, професорката Кристина Николовска рече дека неговата најновата  поезија е мост која со сите свои пори се отвара кон премостување.

– Симболичкиот трезор на Чаловски е секогаш длабок. А денес е денот кога свечено треба да го отвориме неговиот скапоцен трезор на симболи. Симболиката на мостот е премин од земјата на небото, од човечката до надчовечката состојба, од минливост до бескрајност…Кај Чаловски симболизмот на премостувањето е раскошен, рече Николовска.

Поезијата на Чаловски, додаде професорката, премостува времиња, мигови, простори, места… така таа станува медиум на разни средби, како што рече, средби на дотогаш несретнати нешта.

Поетот Чаловски појасни дека книгата содржи 50-тина песни поделени во шест циклуси, со една воведна песна која ја отвара книгата на тематски и мотивациски план.

Тодор Чаловски е истакнат современ македонски писател. Пишува поезија, книжевна критика и есеистика, а се занимава и со литературен превод и препев. Автор е на десетици книги поезија, од неговата поезија се објавени многу поетски избори и е преведуван на повеќе од дваесетина светски јазици.

Добитник е на значајни книжевни награди од областа на поезијата и критиката. Книгата „Премостување на мигот“ е негова четиринаесетта поетска книга.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска