„Заканите од УЈП дека ќе се пристапи кон насилна наплата на радиодифузна такса на 45 илјади граѓани открива дека јавниот радиодифузен сервис (МРТВ) нема никаква поддршка кај граѓаните и истите не ја доживуваат како свој сервис на информации, туку како партиско гласило на ВМРО-ДПМНЕ“, велат преку писмено соопштение, НСДП.
„Граѓаните праќаат јасна порака до владата и партиската врхушка во раководството на МРТВ дека повеќе не се подготвени да одвојуваат од својот џеб за партиска пропаганда и затскривање на вистината за владеењето во Република Македонија.
МРТВ има не само законска, туку и морална обврска да ги информира граѓаните за криминалите на власта, обелоденети од опозицијата и самите тие да проценат, дали навистина МВР функционира како штаб на ВМРО-ДПМНЕ, дали навистина фамилијата на Груевски стои зад нелегалано присвојување на антрактивно земјиште над 13 илјади метри квадратни на Водно, самите да оценат дали власта назначува партиски судии и обвенители и дали ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ги фалсификува изборите“, велат од НСДО.
„Премолчувањето на сите прашања кои изминатиов период ги отвори опозицијата, претставуваат своевидно злосторство од МРТВ кон граѓаните и истите немаат морална обврска да плаќаат радиодифузна такса и понатаму да ја финансираат пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ.
Во секоја демократска земја јавниот радиодифузер е ставен во функција на заштита на интересите на граѓаните, преку објективно и непристрасно информирање за сите случувања во државата“, се вели во соопштението на НСДП.