Полскиот министер за одбрана Томаш Сјемоњак стана ѕвезда на ЈуТјуб, како „човек кој не разликува микрофон од светилка“.
На видеото објавено на ЈуТјуб се гледа како Сјемоњак оди до говорница и ги мести светилките на ниво на неговото лице, мислејќи дека се микрофон.
Сјемоњак, очиглено незабележувајќи што направил, продолжил да зборува со светилката вперена право во неговото лице.
Ваквиот гаф на министерот за кусо време стана хит на интернет.