Советот на Европската унија побара од Федерика Могерини да достави во најкус можен рок предлог за испраќање мировна мисија во Либија. Тоа е се вели во декларација на министрите за надворешни работи на 28-те држави членки на Унијата по редовен состанок во Брисел.
Според министрите „веднаш штом ќе биде постигнат договор за влада на национално единство и за механизмите за гарантирање безбедност, ЕУ ќе биде подготвена да засили поддршка спрема Либија и да дејствува за успешна реализација на договорите во клучните области“.
Предлозите кои шефот на дипломаријата на ЕУ треба да ги подготви вклучуваат испраќање полициска мисија, која во соработка со ОН, либиските власти ќе дејствува во поддршка за гарантирање на безбедноста.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и ЕК треба да разработат и комплексна стратегија за Либија, се додава во декларацијата.