Свечено пуштање во употреба на современа автоматска метеролошка станица, како и повеќе настани и активности посветени на метеорологијата и хидрологијата, Управата за хидрометеролошки работи на Република Македонија ќе го одбележи 23 март – Светскиот ден на метеорологијата, најави денеска на прес-конференција доректорот на УХМР Оливер Ромевски.
Во насока на заложбите на УХМР, како водечка служба, директорот Ромевски потецираше дека Управата, го подобрува својот капацитет, видливост и ефикасност.
– Последните природни катастрофи во регионот и кај нас, исклучително ја подигнаа свесноста за ранливоста на општествата кон климатските промени и го вклучија алармот за итен институционален одговор и адаптација. Во таа насока се стремежите и заложбите на УХМР како водечка надлежна служба да го подобри својот капацитет и ефикасност во општеството, истакна Ромевски.
Преставници од УХМР, на 18 и 19 март ќе учествува на „информативниот ден“ на европската организација за експлоатација на метеоролошки сателити-ЕУМЕТСАТ во Тирана.
– Светската метеоролошка организација СМО чија членка е и Република Македонија, 23 март го посветува на климата и на климатските промени. УХМР секоја година го одбележува овој ден. Оваа година тој ќе биде одбележан со пуштање во функција на современа автоматска метеоролошка станица на Зајчев Рид во кругот на Управата, информира Ромевски.
Појасни дека новата станица се реализира во рамките на Програмата за воспоставување на современ автоматски метеоролошко-климатски набљудувачки систем во Скопската котлина.
На 25 март преставници на УХМР ќе присуствуваат на Европски состанок за воспоставување нов Европски конзорциум за виртуелниот центар за климатски промени во Југоисточна Европа во Белград.
Ромевски инормира дека од 31 март до 2 април, Македонија ќе биде домаќин на првиот меѓународен експертски состанок за управување со поплави. На состанокот ќе учествуваат експерти од 13 земји од ЈИЕ, а главна тема ќе бида презентацијата на проектот предложен од страна на Светската метеоролошка организација и американскиот Институт за хидрологија за воспоставување интерактивен систем за менаџирање и справување со поплави во ЈИЕ.