Вечерва во книжарницата „Богдан Оризовиќ“ во Загреб ќе се одржи промоција на хрватскиот превод на збирката раскази „Осмица“ од македонската писателка Румена Бужаровска, во издание на хрватската издавачка куќа „Алгоритам“.
За расказите ќе зборуваат македонистот Ивица Баковиќ, уредник на „Алгоритам“, Круно Локотар, како и авторката Бужаровска.