Францускиот министер за внатрешни работи Мануел Вал изјави денеска дека е укината полициската единица од Марсеј за борба против криминалот, откако беа откриени во одделот, за кражба, рекетирање и шверц со дрога.
Обвинителот Жак Далес рече дека “гангрена” ја зафатила таа полициска служба.
Пред судот се појавија 12-мина од спорната единица од Марсеј под сомнение за корупција, изнуда и трговија со дрога.
На седуммина им е одреден притвор додека петмина беа привремено ослободени додека министерот Валс објави дека се суспендирани од работните места и дека нивната единица е укината.
– Кривичните дела за кои се обвинети се многу сериозни и доколку се докаже вината, тоа ќе им наштети на честа и интегритет на оние кои мора да ја покажат и гарантираат безбедноста на граѓаните – рече Валс.
Обвинителот Далес наведува дека во плакарите на осомничените и лажниот таван во полициската станица во северниот дел на Марсеј се откриени дрога канабис и пари.
Полицајците се уапсени на почетокот на оваа недела. Тие се осомничени за кражба на дрога и пари од криумчари и за задржување на цигари запленети од нелегални продавачи.
Далес посочи дека во тајно снимените разговори во патролните автомобили “се открива многу,” и сугерираше дека во наводната корупција се вклучени повеќе полицајци отколку што се појавија пред судот.