Коце Трајановски го откажа денешното појавување пред камери

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски го одложи денешното појавување во јавност со кое требаше да се промовираат градежни работи финансирани од градскиот буџет.

Трајановски требаше да се појави на булеварот Александар Македонски каде ќе се означеше почеток на изградбата на нов надпатник меѓу Хиподром и Инџиково. Сепак синоќа во 20.30 часот градските служби испратија порака до медиумите дека настанот се одложува. Причината, како што велат од таму, е технички причини на теренот.

Името на градоначалникот беше спомнато во разговорите што вчера на пладне ги објави СДСМ во кои, како што рече опозицискиот лидер, Зоран Заев, разговараат премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.

Наводно Трајановски му помогнал на премиерот да се стекне со голема парцела на Водно така што во Генералниот урбанистички план ја пренаменил намената на земјиштето од заштитено зеленило во индивидуално домување. Како што рече Заев се со цел да се зголеми имотната сопственост на првиот човек во Владата.

Се очекува, сепак, Трајановски да се појави на утрешната седница на Советот на Град Скопје.

 

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош