Во текот на својот настап во Пекинг, Новак Ѓоковиќ најде време да ја задоволи љубопитноста на навивачите, одговараше на нивните прашања и зборуваше за помалку познати работи и лични детали.
– Прв пат се бакнав во основно училиште, мислам дека имав десет години, одговори Ѓоковиќ.
Фановите ги интересираше и како Ноле оценува, кој е позгоден, тој или Рафаел Надал.
– Надал е сигурно позгоден. Па тој е латино, беше скромен Ѓоковиќ.
Новак откри дека и покрај тениските обврски, сака максимално да го искористи претстојот во Пекинг.
– Кога сум во Пекинг, се се врти околу тенисот, но ќе се обидам да го посетам Кинескиот ѕид.