За место во финалето на силниот турнир во Пекинг, кој е со награден фонд од 4,83 милиони долари, Русинката Марија Шарапова без тешкотии се справи со претставничката на домаќините Ли На, победувајќи ја со 2:0 во сетови (6:4, 6:0).
Утре таа ќе се соочи со победничката од другото полуфинале, каде првата носителка на турнирот, Белорусинката Викторија Азаренка се среќава со Французинката Марион Бартоли.