Нова рунда преговори помеѓу САД и Куба

Од:

Американски и кубански дипломати во недела во Хавана ќе започнат нова рунда преговори за воспоставување дипломатски односи, соопшти Стејт департментот.

Во соопштението се наведува дека највисоката американска дипломатска претставничка за Латинска Америка, Роберта Џејкобсон на 15-ти март ќе отпатува во Хавана на третата рунда преговори.

Инаку и двете страни објавија дека во тек на претходните преговори во Вашингтон е постигнат напредок со цел да се воспостават дипломатските односи кои се прекинати пред повеќе од 50 години. -Во интерес на двете држави е повторно да се воспостават дипломатски односи и да се отворат амбасади, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Американскиот претседател Барак Обама и кубанскиот лидер Раул Кастро ја изненадија светската јавност во декември минатата година со одлуката да ги обноват односите по повеќе од половина век.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија