Томислав Османли и Ксенија Чочкова учесници на „Разговорот на градовите“

Од:

На тековниот Саем на книгата во Лајпциг кој започна вчера а ќе трае до 15. март, во својство на гости на преведувачката мрежа „Традуки“, меѓу останатите автори од регионот, ќе учествуваат македонските автори, писателот Томислав Османли и преведувачката и германист Ксенија Чочкова.

На повеќедневната трибина „Разговор за градовите“, во присуство на останатите поканети автори од поширокиов регион и на самеската публика, в недела претпладне нашите творци ќе ги претстават своите лични и книжевни доживување на Скопје. Темата на средбата гласи: „Прочити и говори за македонскиот главен град Скопје“. Модератор на средбата посветена на Скопје ќе биде Натали Кронаст, а делови од прозата на нашите автори ќе чита Бенјамин Лангер. Инаку, Томислав Османли е познат како автор на повеќе разнородни дела како во прозата така и во драмските творби, тематски посветени токму на Скопје, а Ксенија Чочкова како авторка која на македонски приопшти повеќе наслови од од современата германска книжевост.

Дел од учесниците на оваа трибина се и писателите Срѓан Срдиќ од Србија, Даша Дрндиќ од Хрватска, Јоана Парвулеску од Романија, а учествуваат поголем број истакнати автори од поширокиот балкански ареал.

Утре вечер, пак, заедно со останатите учесници Томислав Османли ќе настапи на манифестацијата „Балканска ноќ“. При тоа, покрај краткиот раговор со него, авторот ќе прочита еден покус дел на македонски, а актерот Торстен Гизе ќе го прочита преводот на една целина од романот „Дваесет и првиот“ кој, меѓу останатото допира и голем број балкански теми.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска