Осма „Бела ноќ“ во Скопје

Од:

Со отворање на изложбата на дела, лични предмети и приказни „’60-ти: Светот, Скопје и скопјани“ на авторите Јован и Ана Ивановски вечер во Музејот на Град Скопје свечено ќе почне осмата манифестација „Бела ноќ“.

Оваа изложба е прва од проектот „Скопје: врвна колекција на лични сеќавања 1960-2010 вол. 1“ на кураторите Филип Јовановски, Ивана Васева и Јованка Попова, кој е составен од пет дела.

Во рамки на овој проект, публиката ќе има можност да посети уште четири изложби. Изложбата „’70-ти: СУБ – КУЛ – ТУРИСТИ“ на кокураторите Милош Коџоман и Симон Узуновски ќе биде отворена во Домот на АРМ – ДЛУМ, „’80-ти: Мерхаба. Насилсин? (Здраво. Како си?)“ на кокураторите Игор Тошевски и Синиша Цветковски во Старата скопска чаршија, во „Галерија 7“ и „Галерија 8“. „’90-ти: македонска ликовна уметност 1990-2000: еуфорија“ на кокураторите Жанета Вангели и Славица Јанешлиева ќе може да се погледне во Младинскиот културен центар, а во Културно-информативниот центар ќе биде отворена изложбата „2000-ти: за независните – според вистински приказни“ на авторите Христина Иваноска и Јане Чаловски.

Македонски уметници на плоштадот „Македонија“ во 21 часот ќе се претстават со „Местото каде сум“, мултимедијален перформанс – пантомима и театар на сенки.  Сценариото и реализацијата се на македонски уметници, актери, кореографи, режисери, танчери, дизајнери, акробати, музичари…

Најдолгата културна ноќ во главниот град и оваа година ќе има богата програма. Организатор е Младинскиот културен центар, а Град Скопје за неа одвои 3,5 милиони денари. „Бела ноќ“ на скопјани ќе им понуди разновидни содржини на плоштадот „Македонија“, во Музејот на Град Скопје, Дом на АРМ (Галерија ДЛУМ), Старата скопска чаршија, Младинскиот културен центар, Културно-информативниот центар, Кината „Милениум“ и „Фросина“, Градски парк, Универзална сала, Библиотеката „Браќа Миладиновци“, Зоолошка градина, Галеерија КО-РА, Школка (Градски парк), Градскиот трговски центар, Стоковната куќа Мост, Градската плажа Камен мост и Спомен-куќата на Мајка Тереза.

Кино под отворено ќе има во Градскиот парк, каде на огромно кино платно ќе бидат прикажани најдобрите филмови од Меѓународниот фестивал на европски филм ЦИНЕДАЅС 2011. Бесплатни 24-часовни филмски маратони ќе има во кината „Милениум“  и „Фросина“. Во „Милениум“ ќе се прикажуваат филмовите од редовниот репертоар на ова кино, како и домашниот „Трето полувреме“. Во „Фросина“ ќе има ревија на европски филмови и филмови од Фестивалот на новиот германски филм. Ќе има и цртање графити, мултимедијални, улични и танц перформанси, изложби, диџеј-настапи, музички фестивал на транс музика, инсталации, музичко-поетски хепенинг, модна ревија, промоција на оригиналната јапонска боречка вештина аикидо.

Во рамки на „Бела ноќ“, денеска влезот во Зоолошката градина од 11 часот е бесплатен. Обезбеден е бесплатен превоз до Зоолошката градина со автобусите со број 8 и 15а на ЈСП „Скопје“ по 11 часот.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски