Зголемен бројот на туристите

Од:

Бројот на туристите во јануари годинава во однос на претходниот месец е зголемен за 1,2 отсто, а во однос на јануари 2014 за 6,4 проценти. Раст од 1,2, односно 0,7 проценти во истите споредбени периоди бележи и бројот на ноќевањата.

Според Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2015 година изнесувал 32.806, а бројот на ноќевањата 65.472.

Бројот на домашни туристи во јануари 2015 година во однос на претходниот месец е зголемен за 15,2 отсто, а кај странските намален за 7,5 проценти. Бројот на ноќевања кај домашните туристи е зголемен за 9,3 отсто, а кај странските бележи намалување за 4,8 отсто.

Бројот на домашните туристи во однос на јануари 2014 година е намален за еден отсто, а на странските е зголемен за 12,9 проценти. Бројот на ноќевањата, пак, на домашните туристи е намален за 11,3 отсто, а на странските е зголемен за 13,9 проценти.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Жена загина во Неапол кога врз неа паднала статуа од балкон

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески