Шпанската полиција денеска приведе осуммина осомничени исламски екстремисти кои планирале напади во Шпанија и регрутирале борци за Сирија и Ирак, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Тие наведуваат дека полицијата врши претреси во објекти во четири градови во државата.
Шпанските власти покренаа операција против активности на исламски екстремисти на територијата на Шпанија по нападите врз францускиот сатиричен весник Шарли ебдо во јануари во Париз. Шпанската полиција од почетокот на годината уапси 21 човек поврзани со активности на исламски екстремисти.