Цонга е првиот финалист во Пекинг

Од:

Францускиот тенисер Жо-Вилфред Цонга се пласираше во финалето на турнирот во Пекинт, откако Фелисијано Лопес од Шпанија му го предаде мечот.

До предавање на мечот дојде кога Цонга веќе беше блику до триумфот. По 42-минутна игра, Французинот водеше со 6:1, 4:1.

Уште на самиот старт Цонга го наметна својот ритам и не му даде шанса на противникот да го угрози. Во прилог на тоа оди и дека имаше седум брејк шанси, од кои искористи четири.

Во борба за титулата Цонга ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Флоријан Мајер.

 

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех