Шведска повторно ќе распореди војска на стратешкиот остров Готланд во Балтичко Море во момент кога се засилува борбеноста на Русија и предизвика тревога во регионот, објави британскито весник „Фајненшл тајмс“.
Шведскиот министер за одбрана Петер Хултквист истакна дека на Готланд ќе бидат испратени 150 војници и дека че ги интензивира воените вежби со учество на копнените, поморските и воздугопловните сили.
– Готланд има стратешка местоположба во Балтичко Море и ние признаваме дека Готланд е многу важен. Се што правиме е дел од поцртувањето на шведскиот суверенитет, посочи Хултквист.
Готланд се наоѓа на половина пат меѓу Шведска и Летонија во центарот на Балтичко Море. Тоа е најголем шведски остров, каде од 2005 година немало постојано воено присуство.