Македонската и српската полиција заеднички во борбата против илегалната миграција

Од:

Македонската и српската полиција ќе соработуваат, ќе се координираат и заеднички ќе се борат против сите облици на транснационалниот криминал. Посебно внимание ќе посветат на спречување на илегалната миграција, проблем со кој се соочуваат не само државите од регионот, туку и Европа.

Ова е заедничкиот заклучок на директорот на Бирото за јавна безбедност,Митко Чавков и директорот на српската полиција, Милорад Вељовиќ, кои денеска се сретнаа на ГП Табановце.

Чавков и Вељовиќ потенцирајќи ја досегашната добра соработка, информираа дека ќе бидат формирани заеднички тимови на стратешко и опертивно ниво, а со утврдена диманика ќе се координират понатамошните мерки во превенирање и борбата против транснационалниот криминала, особено илегалната миграција која е еден од врвните приоритетите не само за државите во регионот, туку и пошироко на европско и светско ниво.

Чавков по работната средба со неговиот српски колега, нагласи дека императив за успешна и ефективна борба против транснационаниот организиран криминал е тесната и констинуирана меѓусебна соработка.

– Во тој преглед на досегашната оперативна соработка, констатиравме дека досега имаме постигнато навистина солидни резултати, рече Чавков.

Заеднички било конатстирано дека Македонија и Србија се транзитни подрачја, но оти и напливот на илегални мигранти, од јужната граница кон север ќе продолжи со несмален интензитет и во наредниот период.

Според директорот на српската полиција Милорад Вељовиќ, најважно е дека границата која во моментов изнесува околу 113 километри меѓу Македонија и Србија е да се покрие што е можно подобро, да се зголеми бројот на заедничките патроли, да се засилат оперативните тимови.

– Не е суштината да се спречуваат илегалните мигранти да влегуваат на овие простори, туку и да се види кој им е организатор. Многу е важно заеднички да ги лоцираме тие луѓе кои ги организираат овие илегални мигранти кои ги префрлуваат почнувајќи од од Грција, од Блискиот Исток до Унгарија и понатаму, а преку Македонија и Србија, рече Вељовиќ.

Според него, на влез во Србија во просек враќаат и по 150 мигранти дневно и оти во разговорите со македонскиот колега дознал дека дневно се враќаат од границата со Грција над 200 луѓе.

Би можело да ве интересира

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

МВР вработува 150 полицајци

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот