Конгресниот центар „Александар Македонски“ ги откажа сите манифестации поради оштетување на внатрешниот дел од кровната конструкција.
Во соопштнието наведуваат дека поради временските прилики и обилните дождови оштетен е таванскиот дел во салата за публика и оти поради тоа приморани се сите закажани манифестации да ги откажат се додека не се создадат услови за понатамошна работа.
Наведуваат дека повикани се надлежни институции за да се констатира моменталната состојба и да се најде соодветно решение.