Во 12:00 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Поради обилни врнежи од снег локалниот пат од Кратово до с.Каврак е непрооден. Поради свлечиште на патот кој води до хидросистемот „Злетовица“, атар на с.Којково во непосредна близина на тунелот, сообраќајот е во прекин.
На патниот правец Р1205 Крупиште-Пробиштип кај с.Неокази, поради појава на вдлабнатина и попуштање на левата коловозна лента, гледано во правец кон Пробиштип-Крупиште, сообраќајот се одвива наизменично, само по десната коловозна лента.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.
АМСМ на возачите им препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Од ГЕИНГ известуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на државен пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево, од 12.01.2015 год. започнати се активности на патот, односно геодетско снимање и геотехнички истражни работи и истите се очекува да бидат со времетраење од 5 месеци (до 12.06.2015 год.). Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот.
На делот од патот од брана Маврово до раскрсницата за село Галичник продолжуваат градежните работи. Препорачуваме повнимателно возење поради присуство на механизација и работници, а при асфалтирање можни се повремени затворања на патот.
Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Според известувањето од ИРД Енгинееринг од 10-ти февруари 2015 година, започнуваат работи на мостот А1-69Л, на автопатот А1 (Е75), делница Велес-Катланово, на стационажа 63 + 556, вклучувајќи и должина од околу 250 метри пред и по 250 мостот. Сообраќајот се одвива по една лента и возачите се молат да внимаваат на ново поставената сигнализација. Планирано е работите да траат 3,5 месеци.
Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
Учесниците во сообраќајот треба да се придржувааат на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација се до завршување на градежните активности.
На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.
Од АМСМ информираат дека на 19.12.2014 година стартува времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила, чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува од 19.12.2014 година до 31.03.2015 година, во текот на денот и тоа од 08 часот до 20 часот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.