Во Младинскиот културен центар вечер ќе биде промовирана книгата раскази „Северно од сонцето“ од Бранислав Ѓорѓевски, издание на „Академски печат“.
Книгата содржи 23 раскази во три циклуси: „Антиљубовни приказни“, „Заминувања“ и „Живот и нешто помеѓу“.
Збирката раскази ќе ги промовира Емилија Мицевска, извадоци ќе чита актерката Тина Трпкоска, а во музичкиот дел ќе настапи бендот „Сталкер“.
„Северно од сонцето“ е втора книга раскази на Ѓорѓевски, кој во 2012 ја објави и книгата раскази „Сите тие краеви“.
Бранислав Ѓорѓевски (Скопје, 1986) дипломирал новинарство на Правниот факултет во Скопје.