СДСМ: Врв на очај е лажната драма за Амди Бајрам – инструментот на Груевски

Од:

Груевски и Јанкулоска не избираат средства во обидите да го дефокусираат вниманието од криминалите и изборните фалсификати во коишто се фатени, велат од СДСМ.

Во продолжение целата реакција:

Уште еднаш се потврди дека МВР и Амди Бајрам се класични инструменти во рацете на Никола Груевски кога тоа ќе затреба.

Врв на очај е драмата што ја прават вечерва, преку Амди Бајрам, кој наводно бил физички нападнат, па дури и поради тоа завршил на Кардиологија.

Во продавница за фармерки во ГТЦ, Амди Бајрам и наш член и активист имале вербална расправија.

На нервозната реакција на обезбедувањето на Амди Бајрам, што го толкуваме како обид за провокација физичка пресметка, не било возвратено од страна на членот на СДСМ.

Немало никаков физички контакт меѓу членот на СДСМ и Амди Бајрам!

Напротив 2-ца од обезбедувањето на Амди Бајрам и 3-ца од обезбедувањето на ГТЦ се нафрлиле врз него.

Полицијата којашто за брзо време се нашла во продавницата истото ова го има нотирано.

Апелираме да престанат обидите за провокации и користењето марионети, како Амди Бајрам, коишто не можат да ги засенат огромните скандали во коишто е инволвирана тесната група на власт.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците