А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Полицијата заплени близу 144 килограми марихуана

by А1он11/03/2015 - 14:3215/07/2015 - 00:0181
Share0

Полицијата пресече меѓународен канал на недозволена трговија со марихуана, при што пронајде и заплени 143 килограми и 726 грама марихуана и околу 700 грама непозната прашкасата материја која служи за мешање со хероин. Марихуаната од Албанија преку Македонија требало да заврши на пазарот во Швајцарија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Запленетата марихуана при продажба на нарко пазарот во Швајцарија би достигнала цена приближно 600 илјади евра.

Во акцијата полицијата во скопско Ченто и во село Арачиново, вчера попладнето привела четири лица, македонски државјани, а по едно се трага.

До Основното Јавно обивнителство за гонење организиран криминал и корупција ќе биде поднесена кривична пријава за 6 лица од Скопје за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Следете a1on на Youtube YouTube

Како што појасни на денешната прес-конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, според досегашните сознанија, две од лицата се дел од поголема криминална група инволвирани во извршување активности од областа на недозовлена трговија на марихуана и хероин.

Во „Ченто“, појасни таа, полицијата сопрела и прегледала две патнички возила „голф“ со скопски регистарски таблици и „мерцедес“, со пробни регистарски таблици управувани од двајца скопјани на возраст од 30 и 37 години. Во „голфот“ се пронајдени 65 пакувања во правоаголна форма, додека во „мерцедесот“ при прегледот во багажниот простор се пронајдени 33 пакувања во правоаголна форма.

– Пронајдените 98 пакувања се одземени со потврда, а лицата се лишени од слобода, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

mvr

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 12:03

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он25/09/2026 - 15:20

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Катерина Ѓуровски21/09/2026 - 11:12

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он20/09/2026 - 13:16

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Катерина Ѓуровски19/09/2026 - 16:21

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Катерина Ѓуровски17/09/2026 - 14:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео