Јапонија прифати само 11 барања за азил, од околу 5.000 кои беа поднесени во 2014 година, покажуваат податоците на јапонското Министерство за правда, што ги потврдува критиките на адвокатите и правниците кон државата, која според нив не прави доволно за да им обезбеди заштита на бегалците.
Бројот на апликации за азил се зголемил за 53 отсто, додека стапката на прифаќање е 0,2 процента, што е една од најниските меѓу индустријализираните економии.
– Толку ниска стапка е срамна, изјави адвокатот за имиграции, Шого Ватанабе.
Во 2013 година Јапонија прифати само шест бегалци, што е најмалку во последните 15 години.
Германија и САД биле најатрактивните дестинации за барателите на азил во 2013 година.