Наставничка им ја лепела устата со селотејп на учениците

Од:

Полското обвинителство и Министерството за образование го испитуваат случајот за кој пишуваа медиумите дека наставничка во Полска и ја залепила устата на една ученичка со селотејп, поради тоа што станала да зборува без да биде прашана, јави дописникот на МИА од Прага.

– Ме иритирате. Имам многу селотејп, не грижете се, иако е тенок, тој е силен, наводно им се заканувала на учениците во Основно училиште близу Вроцлав, наставничка со шестгодишна практика.

Случајот излегол во јавност откако просветната работничка била снимена со диктафон, кој една мајка го ставила во чантата на своето дете, сомневајќи се дека нешто чудно се случува во училиштето поради тоа што забележала промена во неговото однесување.

Родителите на учениците кои имале 5-6 години, биле изненадени од настанот кој излегол на виделина и за наставничката говореле дека изгледала многу мила.

Шокирана е и министерката за образование Јоана Клузикова Ростковски, која изрази надеж дека ваквото однесување нема да остави трајни последици врз развојот на децата.

Наставничката, сега е суспендирана од работното место и доколку се докажат обвинувањата ќе биде отстранета од работа со деца.

Полемика во Полска, предизвикаа и некакви чудни правила кои се применувале во едно училиште во Легница во јужниот дел на земјата.

Таму учениците стоеле неподвижно пред наставниците кои по азбучен ред ги пуштале да влезат на настава. Потоа се доближувале до клупите и стоеле мирно. Оние кои ќе ги „испочитувале“ правилата биле наградувани.

Против ваквите случаи реагираа повеќе организации за заштита на децата и надлежните органи.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази