Средба со писателот за деца Стојан Тарапуза

Од:

Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ вечер од 18 часот организира средба на писателот за деца Стојан Тарапуза со неговите читатели. Во оваа пригода ќе биде промовирана и книгата „Збор за зборот“, која деновиве ја објави издавачката куќа „Панили“ од Скопје.

Стојан Тарапуза (Злетово, 1933) е водечко име во современата македонска поезија за деца. Автор е на богат книжевен опус, високо вреднуван од критиката и наградуван со престижни книжевни награди.

– Неговите песни претставуваат исечоци од секојдневието. Тие се игриви сложувалки за љубовта и за човечката надеж и верба во убавината. Лирскиот исказ е концизен, длабоко мисловен, певлив, со јасни мудри пораки што долго се паметат. Поетот е исклучително економичен во употребата на зборовите. Оттука и впечатокот дека овој поет е сегогаш во преграб на допадливи метафори, при што создава игрив спој со природата и со секојдневните збиднувања во животот, пишува Раде Силјан во препораката за најновото издание на авторот.

Стојан Тарапуза е годинашен добитник на наградата „Ванчо Николески“ која Друштвото на писателите на Македонија ја доделува за најдобро остварување во литературата за деца.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска