Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на повисоките места во државата, а на пониските места врнежите се од дожд.
Поради појава на магла намалена е видливоста до 100 метри на планинските премини Ѓавато и Плетвар.
Се уште е во тек забраната за движење тешки товарни возила на патниот правец Тетово-Попова Шапка поради остатоци од снег на коловозoт.
На патниот правец Македонски Брод-Прилеп Р-1303, поради оштетување на дел од мостот на Сланска река, има забрана за сообраќај на тешки товарни возила.
На патниот правец Р1205 Крупиште-Пробиштип кај месноста село Неокази, поради појава на вдлабнатина и попуштање на левата коловозна лента, гледано во правец кон Пробиштип-Крупиште, сообраќајот се одвива наизменично, само по десната коловозна лента.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.