Само двајца кандидати за претседател на Казахстан го минаа задолжителниот јазичен испит

Од:

Слободно владеење со државниот казахстански јазик покажале само двајца од кандидатите за претседател на Казахстан, соопшти Централната изборна комисија на Казахстан, јави ТАСС.

Двајцата кандидати се претставникот на Комунистичката народна партија (КНПК) Тургун Сиздиков и независниот кандидат Лимана Кошиева.

Одлуката е донесена од јазичната комисија на ЦИК на седници одржани на 6 и 10 март по однос на кандидатурите на Сиздиков и Кошиева. Тие ќе бидат официјално регистрирани како кандидат за претседател, откако ќе соберат и достават до ЦИК по 93.112 потписи од граѓани, кои ги поддржуваат. Рокот за тоа е 20 март.

Комисијата за останатите петмина кандидати, кои се јавиле на испит, утврдила дека не го владеат слободно казахстанскиот јазик. Поради тоа, на кандидатите им е одбиена официјална регистрација.

Законодавството бара кандидатот за претседател на Казахстан да докаже дека слободно го владее официјалниот јазик, со тоа што ќе напише текст, не подолг од две страници, на тема предложена од комисијата; ќе прочита текст не поголем од три страници избран од комисијата; и ќе подготви јавно обраќање до 15 минути на дадена тема.

Според податоците на ЦИК за учество на претстојните вонредни претседателски избори на 26 април годинава покажале вкупно 15 лица.

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан