Уапсен избеган затвореник по извршена кражба во Тетово

Од:

Тетовската полиција вчера го уапси Ш.Ш.(39) од Нераште, кој претходно избегал од КПД „Штип“, дваесеттина минути по извршена кражба над 65 годишна тетовка, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци избеганиот затвореник бил уапсен вчера околу 10 часот на улица „133“  во Тетово откако ја извршил кражба на мобилниот телефон од  повозрасна тетовка.

– Додека таа се движела по улица „Маршал Тито“ во градот Ш.Ш. и се доближил и од раката и го одзел нејзиниот мобилен телефон, а потоа избегал. Набрзо тој е фатен, одземениот телефон  е пронајден и вратен е на сопственичката. При апсењето кај Ш.Ш. бил пронајден и одземен еден нож, рече Јосифовски.

По завршувањетоа на сите процедури Ш.Ш. бил вратен во КПД „Штип“.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски