Организаторите на турнирот од Мастерс серијата во Шангај потврдија дека го кренале безбедносното ниво поради смртните закани за Роџер Федерер, а во кинеските медиуми се појавија и нови детали кои ја потресоа тениската јавност.
Директорот на турнирот Јанг Јибин во изјава за шангајските медиуми рече дека е направено се, турнирот да помине во најдобар ред.
„Се надеваме дека се ова празни приказни, и дека таа личност ќе се обиде да ги спроведе во дело. Сепак, ги сфативме сериозно, контактиравме со локалната полиција и сами ќе го кренеме нивото на безбедност не само за Федерер туку и за сите тенисери“, рече Јибин.
Сето ова почна кога на популарниот кинески сајт Баиду еден од корисниците се огласи со зборовите „ На шести октомври планирам да го убијам Федерер со цел да го уништам тенисот“.
Неидентификуваната личност се има потпишано како „Основач7 – политеистичка религија Плава мачка“, а притоа има и фотографија на која се гледа како Федерер е обезглавен и на колена, а пред него е убиецот кој држи големата секира.