Ацевски: Лажат, фотографијата на Заев со членови на ДИК е од пред една година

Од:

„Скандалот“ на провладините медиуми е лага. Вака за А1он реагира Костадин Ацевски, кој што е до Зоран заев на фотографијата, снимена наводна во неделата во некој ресторан во подрум во периферијата на Скопје Заев остварил средба со претседателот на ДИК, Никола Рилковски и со Виолета Дума члеа на ДИК.

Медиумите блиски до власта тврдеа дека било “шокантно“ бидејќи, според нивни информации, Заев договорал со нив како да се изјаснела ДИК околу аудио снимките и тврдењето на опозициската СДСМ дека имаат несоборливи докази за украдени и лажирани избори.

Ацевски е претседател на ОК на СДСМ Ѓорче Петров.

zaevDIk1

„Оваа фотографија, за која тврдат дека е снимена во недела, е направена во март месец пред ланските парламентарни избори. Заев не ни знеше дека во кафулето, кое е на излез од Скопје се Рилковски и Дума, и средбата беше случајна. Фрапирачки е податокот до каде можат да одат, па да фалсификуваат фотографија стара една година. Јас работам во ЈП Македонска радиодифузија и од 27-ми минатиот месец сум на предавателот на Пелистер, и таму бев до околу 23 часот во понеделникот. Јасно е дека не сум мижел да бидам во кафулето и истовремено на предавателот на Пелистер. Се работи за класична местенка“, вели Ацевски за А1он.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години