Еден загина, над 20 ранети во самоубиствен напад на Синајскиот Полуостров

Од:

Еден цивил загина и 24 полицајци беа ранети во самоубиствен бомбашки напад со камион-бомба врз припадници на полицијата на Синајскиот Полуостров во северен Египет, изјавија здравствени и полициски претставници.

Нападот бил извршен во градот Ел Ариш, административен центар на провинцијата Северен Синај.

Бомбашот самоубиец ја насочил цистерната, преполна со експлозиви кон полициска станица. Обезбедувањето отворило оган кон возилото, кое експлодирало.

Стратешкиот Синајски Полуостров, кој граничи со Израел и Појасот Газа речиси секојдневно стана арена на напади врз силите за безбедност.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро